Откако перфектно ја одработија задачата во финалето на Европското првенство во „Теле 2 Арена“ во Стокхолм, македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се враќаат на другите обврски.
Тие се делегирани да ја делат правдата на реванш средбата од осминафиналето на регионалната СЕХА лига меѓу српските Војводина и Металопластика на 11 февруари во Нови Сад. Делегат на оваа средба ќе биде Драган Начевски.
Марјан Начевски, пак, ќе биде делегат на реванш средбата од осминафиналето на истото натпреварување меѓу словачкиот Татран Прешов и рускиот Спартак Москва на 8 февруари.