Еурофарм Пелистер без мака ја реши Војводина

По двете победи над прволигашот КЛ7 и поразот од Вардар, екипата на Еурофарм Пелистер, го одигра и првиот пријателски натпревар во Србија.

Избраниците на тренерот Жељко Бабиќ го совладаа српскиот шампион Војводина со 27-23, откако и на полувреме имаа предност од четири голови, 15-11.

Хрватскиот стратег комбинираше со тимот и го уигруваше за претстојните предизвици во регионалната СЕХА лига против Нексе.

Еурофарм Пелистер пред да замине за Нашице ќе одигра уште две средби против Спартак Суботица и Динамо Панчево.