Нова „тура“ тренери ќе полагаат за Мастер Коуч лиценца – Марковски, Петрески, Грчевски…

Само неколку дена откако Раде Стојановиќ, стратегот на Охрид, ја доби лиценцата за Мастер Коуч, уште тројца македонски стратези го минаа првиот Модул во австриската престолнина Виена.

Станува збор за Иван Марковски, Томе Петрески и Кристијан Грчевски, кои ги чека вториот Модул во јуни, а третиот и завршен во декември годинава.

Марковски веќе неколку сезони работи во францускиот женски второлигаш Ле Самбр Авенуа, Петрески е тренер на женскиот тим на Пелистер, додека Грчевски работи во суперлигашот Бутел Скопје.

На крајот на годинава тие би требало да им се приклучат на Стевче Алушовски, Данило Брестовац, Звонко Шундовски, Андон Бошковски, Борче Марковски, Благојче Весиќ, Раде Стојановиќ, Оливер Димитриоски и уште неколку други македонски стратези кои веќе ја имаат оваа лиценца.

На предавањата во Виена покрај нашите стратези, беа и многу други познати лица. Некогашната македонска младинска репрезентативка и членка на Хипо, Моника Стефаноска, која сега работи во Австрија, легендарната Аусра Фридрикас, потоа Симона Спиридон и Рита Дели, Србинот Бојан Бутулија…