Некогашниот среден бек на два македонски суперлигаши, Марко Кобетиќ, во пролетната полусезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Хрватскиот интернационалец кој беше меѓу најдобрите стрелци во Македонија кога настапуваше за Охрид и Пелистер, ќе игра за словенечкиот Марибор.
Марибор сезонава играше во Челинџ Купот, но беше елиминиран од португалската Мадеира, па Кобетиќ ќе се обиде да помогне само во домашниот шампионат во борбата со Целје и Горење за врвот во Словенија.
Есенската полусезона Кобетиќ ја мина во хрватскиот прволигаш Дубровник, а освен во Македонија играше и за хрватските Сисција Сисак и Пореч, како и францускиот Монтелимар.