Откако тимот ќе се комплетира со сите ракометари што настапуваа на ЕП, продолжуваат подготовките на Вардар за пролетниот период од сезоната. Првата контрола екипата ќе ја има во четврток, на 23 јануари во СЦ „Борис Трајковски“.
Тоа ќе биде прв меч на Вардар во 2020 година и прв натпревар под водство на новиот тренер Стевче Алушовски. Во тимот единствено ќе ги нема голманите Калифа Гедбан кој е со својата репрезентација и Марко Кизиќ кој поради болест цела седмица нема да тренира.
Тимот би требало утре да биде комплетен со приклучувањето на Калараш, Атман и Шишкарев. Калифа би требало да пристигне до крајот на месецот.
Вардар се подготвува за продлжението на СЕХА лигата и веќе на 5 февруари треба да игра во Германија против екипата на Кил. Потоа следуваат уште три средби, на домашен терен со Мотор (15 февриари), во гости кај Порто (22 февруари) и последниот меч со Монпелје во Скопје на 29 февруари.