Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер ќе може да смета на левото крило Гоце Ојлески за двете пресметки од осминафиналето на СЕХА лигата против хрватскиот Нексе Нашице.
Ојлески го повреди прстот на шутерската рака на втората пријателска средба против прволигашот КЛ7, но не се работи за ништо сериозно, туку само за подлабок расекотина.
Препорачаната пауза е десетина дена, што значи дека новиот стратег Жељко Бабиќ ќе може да смета на стружанецот за првата средба со Нексе, која ќе се одигра на 1 или 2 февруари во Нашце.
Реваншот е во Битола на 13 февруари.