Ракометарите на Металург учествуваат на меѓународен пријателски турнир, заедно со Спортинг Лисабон, Саран и на Шербур. Во втората полуфинална средба, Металург загуби против екипата на Шербур со 21-22 (12-12).
Металург е десеткуван на овие подготовки, но средбата со Шербур мина во апсолутно рамноправна игра во текот на сите 60 минути и немаше воопшто да биде незаслужено македонскиот победник на Купот оствари победа. При 21-21, на само две секунди до крајот, ракометарите на Шербур постигнаа победнички погодок и се пласираа во финалето.
Тренерот Кастратовиќ и на оваа средба направи максимален број на измени, за сите ракометари да ја добијат својата шанса. Во борба за третото место, Металург денеска ќе се сретне со екипата на Саран.