Ракометарите на Металург со пораз ја стартуваа турнејата во Франција во која ќе одиграат низа пријателски натпревар. На првиот дуел, тимот од Автокоманда беше поразен од Ним со 36-23, а на полувреме домаќинот водеше со 15-10.
Металург е некомплетен во Франција, без Серафимов и Танкоски, кои се на ЕП во Виена, Кбилашвили и Чантурија имаат обврски кон грузиската репрезентација, како и без повредениот Велко Маркоски.
Тренерот Зоран Кастратовиќ ќе има можност да ги воочи и исправи сите забележани слабости, а со тимот од Автокоманда во Франција заминаа и двајца играчи од Металург 2, Илија Мелоски и Никола Стоилевски.
Најефикасни кај Металург беа Јагуриновски и Додиќ со по пет погодоци.