Ракометарите на Пелистер со убедлива победа со 38-24 против Струга го отворија 11. коло од Суперлигата. Битолчани на домашен терен немаа никакви проблеми и за разлика од првиот меѓусебен дуел многу полесно стигнаа до бодовите.
Победникот беше решен уште по првиот дел, кога избраниците на Александар Зарков поведоа со седум голови разлика, 17-10.
Второто полувреме беше шанса за сите ракометари од клупата на двете екипи да добијат шанса за настап. До крајот битолчани само рутински ја довршија задачата.
Најдобри стрелци кај победникот беа Игор Трајковски со девет и Стефан Талевски со осум погодоци, додека Цветан Кузманоски даде седум, а Дарио Симоноски уште пет за Струга.