Селекцијата на Црна Гора ја забележа и четвртата победа на Мундијалот во Јапонија, откако по Сенегал, Унгарија, Казахстан, ја совлада и Романија и тоа со голем пресврт.
Губеа избраничките на Пер Јохансон со 17-21, но на крајот славеа со 27-26. Блескаше некогашната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, која постигна шест гола.
Франција ја победи Германија со 27-25 и ќе игра за два дена решавачки натпревар против Данска за место во главната рунда.
Данска, пак, беше подобра од светскиот првак од 2015, Бразил и славеше со 24-18, а тоа значи дека јужноамериканките нема да играат во главната рунда.
Резултати, 4. коло:
Австралија – Јужна Кореа 17-34
Казахстан – Шпанија 16-43
Црна Гора – Романија 27-26
Германија – Франција 25-27
Унгарија – Сенегал 30-20
Данска – Бразил 24-18