Тимот на Бутел Скопје продолжува со победничката серија во Суперлигата, откако по триумфот над Пролет и Работнички, славеше и трет пат по ред.
Жртва беше битолски Пелистер, кој си замина со висок пораз од девет погодоци, 32-23. Домашните отворија со водство од 5-1, и веќе стана јасно каков натпревар ќе се гледа до крај. До паузата избраниците на Кристијан Грчевски направија солидна залиха од десет голови, 17-10.
Второто полувреме беше чиста формалност, па на крајот Бутел славеше со 32-23. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мирко Мајиќ со осум голови и Давор Шокоски со четири, додека кај Пелистер се истакна Дарио Петровски со исто толку.