Судиската комисија на Европската ракометна федерација, како и на регионалната СЕХА лига, има голема доверба во македонските арбитри и делегати.
Голем број од нив добија делегирања за Лигата на шампиони во двете конкуренции, како и за Купот на ЕХФ и СЕХА лигата.
Изминатиот понеделник, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го судеа мечот меѓу Татран и Нексе во СЕХА, а делегат беше Драган Начевски.
Начевски беше „главен“ и на мечот меѓу Фленсбург и ПСЖ што се одигра во средата, а веќе в недела ќе има нов натпревар за него.
Натпревари за македонските судии и делегати:
08/11, 18:00, Подравка – Мец, Лига на шампиони (Марјан Начевски)
10/11, 13:00, Војводина – Пекинг, СЕХА лига (Исмаил Металари и Ненад Николовски)
10/11, 13:00, Војводина – Пекинг, СЕХА лига (Драган Начевски)
13/11, 20:15, Вардар – Мотор Запорожје, СЕХА лига (Камер Металари)
16/11, 16:00, Малме – Фуксе Берлин, ЕХФ Куп (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
16/11, 16:30, Горњик Забже – Магдебург, ЕХФ Куп (Камер Металари)
16/11, 19:00, Рамат Хашарон – Одеса, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
16/11, 19:30, Мец – ФТЦ, Лига на шампиони (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
17/11, 13:00, Плзен – Холстебро, ЕХФ Куп (Ацо Николовски)
17/11, 19:00, Одеса – Рамат Хашарон, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
23/11, 20:15, Бошолт – Адемар Леон, ЕХФ Куп (Исмаил Металари и Ненад Николовски)