Европскиот шампион Вардар би можел да има големи проблеми во продолжението на сезоната, ако повредата на летонскиот џин Даинис Кристопанс се покажа сериозна.
Десниот бек го почна натпреварот во стартната постава, но при еден шут лошо згазна и го свитка десниот скочен зглоб.
Ова се случи во втората минута од натпреварот. Кристопанс веднаш замина во соблекувалната, па се уште не е познато дали се работи за сериозна повреда и Летонецот ќе мора да паузира.
Повредата на главниот бек шутер на вардарци доаѓа во незгоден момент, со оглед на тоа што ги чека меч со Келце во текот на следниот викенд.