По поразот од Монпелје на домашен терен и победата над Мешков Брест во Белорусија, ракометарите на Келце славеа над големиот ривал Веспрем со 34-33. Во првиот дел најчесто се играше гол за гол и двете екипи имаа свои моменти, особено во нападот, па беа постигнати 34 голови, 17-17.
На стартот на второто полувреме, Келце предводен од Душебаев се одлепи на 23-19, но Веспрем полека ја топеше предноста и на десет минути до крајот беше 29-29. По 31-30, Кулеш погоди од голема далечина за плус два, а Ненадиќ не беше прецизен, па Душебаев беше прецизен за 33-30.
Тука не беше крајот на возбудувањата. Веспрем намали на 34-33 преку Гајиќ, а останаат да се доиграат уште триесетина секунди. Домаќините ја задржаа топката до крајот и се израдуваа на голема победа.
Најдобри стрелци кај домашниот тим беа Душебаев со 11 погодоци и Каралек со пет, додека кај Веспрем се истакнаа Гајиќ со седум, како и Лауге и Тонесен со по пет. Келце сега има седум бодови на второто место пред Вардар, кој има шест на петтото место.