МВП на 12. коло во Супер машката лига: Лука Стојановиќ (Металург 2)

Ракометарот на Металург 2, Лука Стојановиќ доби убедливо најмногу глави при изборот на МВП на 12 коло од Супер машката лига. Тој се најде далеку пред конкуренцијата со вкупно 60 проценти од гласовите. Со оглед на тоа што имаше околу 20.000 гласови поголемиот дел од ракометарите останаа со мал процент.

Зад Стојановиќ се најде Дупјачанец со 38 проценти, а потоа следуваше Марко Божиновски од Бутел Скопје.

Помалку од еден процент имаа Ивица Илиев (Радовиш), Мартин Серафимов (Металург), Бобан Блажевски (Охрид) и Пеце Георгиески (Радовиш).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)

11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)

12.КОЛО: Лука Стојановиќ (Металург 2)