Ракометарот на Вардар Јуниор, Мартин Карапалевски, доби најмногу ваши гласови во изборот за најкорисен играч на 6. коло од Суперлигата.
Тој доби 48% од гласовите, а тоа е скоро дупло од второпласираниот Милан Лазаревски од Металург со 25%. Третопласиран во изборот е уште еден играч на тимот од Автокоманда, Милан Поповиќ со 17% од гласовите.
Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.
ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20
1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)
2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)
3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)
4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)
5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)
6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар Јуниор)