ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Натпреварите од 10. коло во Супер машката лига донесоа победи на домашните тимови. Сите екипи кои играа пред својата публика се изборија за триумфи така што си додадоа по три бода на своето бодовно салдо.

Победи славеа тимовите на Металург, Охрид, Бутел Скопје, Вардар јуниор и Струга. Со ова не дојде до поместувања на табелата, но сега има интересна ситуација. Вардар јуниор и Радовиш се израмнети на 5. и 6. место, додека последните три екипи Работнички, Металург 2 и Струга имаат по четири бода.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: ЈАГОШ БРАУНОВИЌ (ОХРИД)

„Чуварот на мрежата“ на Охрид имаше уште едно одлично издание. Во моментите кога беше најпотребно успеа да одбрани одлично и во многу влијаеше на победата на својот тим против Пролет.

ЛЕВО КРИЛО: МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Интернационалецот од Црна Гора имаше добро претствување на уште еден натпревар. Со неговите осум гола помогна многу во победата над Пелистер и беше најефикасниот на натпреварот.

ЛЕВ БЕК: МАРТИН МАНАСКОВ (ОХРИД)

Против својот поранешен тим одигра добра партија. Покажа дека е во добра форма кога е најпотребно. Тој беше меѓу поефикасните во тимот, а средбата ја финишираше со шест погодоци.

СРЕДЕН БЕК: СТЕФАН КРСТЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

Најефикасниот ракометар на Вардар јуниор одигра нов натпревар на ниво. Со Кукуловски и Ќосевски беше меѓу најдобрите и најефикасните. Помогна многу во новата победа на својот тим, па едноставно само продолжува со добрата форма.

ДЕСЕН БЕК: ХРИСТИЈАН КРСТАНОСКИ (СТРУГА)

Ракометарот на Струга кој игра на сите бековски позиции по потреба беше еден од најдобрите во првата победа сезонава. Струга славеше над тимот на Работнички против кој освои бод и на стартот на сезоната. Погоди осумпати против тимот од Скопје.

ДЕСНО КРИЛО: МИЦЕ ШИЛЕГОВ (МЕТАЛУРГ)

Тој беше најефикасниот во победата над вториот тим. Одигра одличен натпревар и покажа добра форма пред средбите од Купот на ЕХФ. Со седум погодоци на овој дуел Шилегов беше и најефикасниот ракометар на теренот.

ПИВОТ: МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ (МЕТАЛУРГ)

Имаше добра партија. Одигра добро и во нападот каде што имаше шест гола. Покажува добра форма така што ова може само да радува пред дуелите со Горење. Лазаревски на дуелот против Металург два беше меѓу поефикасните.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

МЕТАЛУРГ – МЕТАЛУРГ 2           39:27 (ИЗВЕШТАЈ)

Шилегов 7, Кондев 6, Лазаревски 6 – Стојановиќ 5, Додиќ 5, Савковиќ 3

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР        32:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 8, Шокоски 4, Печенковски 3 – Петровски 4, Трајковски 3, Блажевски 3

СТРУГА – РАБОТНИЧКИ              32:31 (ИЗВЕШТАЈ)

Кузманоски 9, Крстаноски 8, Јанкуловски 4 – Палевски 13, Сулима 7, Темелкоски 4

ОХРИД – ПРОЛЕТ           29:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Тот 6, Манасков 6, Тасески 5 – Поповски 11, Џонов 6, Андоновски 5

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ 29:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Кукуловски 8, Крстевски 6, Ќосевски 6 – Илиев 8, Стојановски 6, Везенковски 4

СЛЕДНО, 11. КОЛО (16/17 НОЕМВРИ)

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ

ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ 2

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА

РАБОТНИЧКИ – ОХРИД

ТАБЕЛА: 1. Металург 26 бода (336:252); 2. Охрид 25 (277:226); 3. Бутел Скопје 24 (278:239); 4. Пролет 20 (302:263); 5. Радовиш 15 (303:303); 6. Вардар јуниор 6 (276:300); 7. Пелистер 8 (245:264); 8. Работнички 4 (292:341); 9. Металург II 4 (284:343); 10. Струга 4 (228:290).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)

105 – Давор Палевски (Работнички)

94 – Ивица Илиев (Радовиш)

67 – Мартин Поповски (Пролет 62)

66 – Иван Џонов (Пролет 62)

61 – Филип Николов (Радовиш)

61 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)