69 ракометари кои играат во Лигата на шампионите освоија медал во Токио

Репрезентациите на Франција ги освоија златните медали и во машка и во женска конкуренција на Олимписките игри во Токио. Една од причините за ваквиот успех е големиот број ракометари и ракометарки кои играат во најдобрите клубови и Лигата на шампиони.

Во машката репрезентација 14 од 15 ракометари следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, додека од женската селекција на Франција 12 ракометарки се дел од најдоброто клупско натпреварување. Сребрената Русија во женска конкуренција има 14 ракометарки од ЛШ, додека Норвешка има 12 ракометарки.

Во машка конкуреција зад Франција се Данска со осум ракометари, додека Шпанија има седум игрчи кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите. Од клубовите ПСЖ со осум медалисти е прв, а следуваат Барселона со седум, Фленсбург со четири, Веспрем има три освојувачи на медал, Кил два и Алборг еден.

Во машкиот Ол-стар тим единствен ракометар кој не е дел од Лигата на шампионите е Данецот и играл на ГОГ, Матијас Гидсел. Микел Хансен е претставник од ПСЖ во ѕвездениот тим како најдобар лев бек. Барселона ги има Шпанцецот Алеикс Гомез на десно крило и францускиот пикер Лудовик Фабрегас. Ол стар тимот го комплетираат Еѓипќанецот Омар Јахија како претставник на Веспрем и левото крило на Монпелје, Уго Деска од Франција.

Екипата на Ростов Дон дава најмногу освојувачи на медали во Токио во женска конкуренција. Седум ракометарки на рускиот тим се закитија со медал, на второ место е ЦСКА Москва со седум медалистки, потоа следуваат Ѓер со шест, Брест и Есбјерг со по пет, Кристиансанд има четири освојувачки на медал додека Мец има две и Крим една.

Исто така и во Ол-стар тимот за жени најмногу ракометарки има Ростов Дон, односно три Ана Вјахирева, Полина Кузнецова и Грас Заади. Освен французинката Лора Флип која игра за Париз 92 сите останати во Ол-стар тимот се дел од Лигата на шампиони за жени. Швеѓанката Јамина Робертс е најдобар лев бек, најдобар пикер е Паулета Фопа од Франција, додека Катрин Лунде е најдобра голманка.

Најдобар стрелец во машка конкуренција на Олимписките игри во Токио беше Микел Хансен од Данска со вкупно 61 гол, а за најкорисен играч беше прогласен Матијас Гидсел исто така од Данска. Кај жените најкорисна ракометарка беше Русинката Ана Вјахирева, додека најефикасна беше Нора Мерк од Норвешка со 52 гола.