43-годишната Лунде го пропушта домашниот Мундијал?

Голманката Катрин Лунде, би можела да го пропушти Светското првенство што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка.

Мундијалот е на програмата од 29 ноември до 17 декември во трите скандинавски земји, а 43-годишната Лунде ќе биде во трка со времето поради повредата.

Таа заработи повреда на мускулот на бедрото на мечот меѓу нејзиниот Кристијансанд и Крим од Лигата на шампионите.

Лунде досега има освоено еден тон медали на сите големи натпреварувања, но сигурно посакува уште еден со Норвешка на домашен терен. Сепак ќе биде дополнително познато дали ќе успее да биде спремна за настап.