15 седмерци, 14 исклучувања и 13 гола на Ташев – Вардар Неготино подобар од Јехона

Ракометарите на Вардар Неготино го совладаа составот на Јехона со 33-29 во натпревар од второто коло во Првата лига.

Во Неготино беше одигран интересен натпревар во кој домашниот тим ја имаше контролата во текот на сите 60 минути.

Двете екипи играа максимално борбено, судиите досудија 15 седмерци, имаше и 14 исклучувања од по две минути, а неготинци на полувреме водеа со 18-12.

Во вториот дел тимот од Гостивар се доближи на минус четири, но немаше време за ништо повеќе.

Најдобри стрелци кај Вардар Неготино беа кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Ташев со 13 погодоци и Костадин Петров кој даде пет, додека кај Јехона се истака Адис Салиу со девет.