Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од регуларниот дел во регионалната СЕХА лига, а ривал е унгарскиот гигант Веспрем, кој беше поразен на првиот меч во Битола.
Десниот бек Михаил Петровски, кој по повредата на Невен Стјепановиќ е носител на играта на десната бековска позиција, очекуваме неговиот тим да покаже дека победата во Битола не била случајна.
„Целта е да докажеме дека победата во Битола не беше случајна и дека тоа не беше само лош ден за нив. Веспрем е апсолутен фаворит, но ние сакаме по вторпат да пружиме добра партија против моќниот Веспрем. Очекувам од последните два натпревари во групата, да запишеме најмалку една победа“, изјави Петровски.
Во групата Б, Веспрем, Мешков и Загреб, се во конкуренција за првите две позиции. Битолчани практично се сигурни на четвртото место, со оглед на тоа што Металопластика која е петта со ист број бодови, вкупно 9 но и со натпревар повеќе во последното коло игра со Веспрем.
Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Работник, кој се уште не настапува под новото име, се игра денеска од 17:00 часот.