Коцева успешно оперирана, ја чека пауза од ракометните терени

Македонската репрезентативка Борјана Коцева ќе биде надвор од ракометните терени во наредниот период.

Таа направи операција на менискусот и сега ја очекува рехабилитација пред да му се врати на ракометот.

Минатото лето од Металург Автокоманда се пресели во македонскиот првка Ѓорче Петров, со кој освои двојна круна.

Дали ќе успее навреме да се рехабилитира и да биде во комбинација за настап на ЕП во декември останува да видиме.