📷Јоновски навиваше со уникатна маица: Ние сме Македонци – пиеме ракија и јадеме скара

Меѓу присутните на трибините на „Меркур Шпил Арена“ беше и легендарниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски.

Тој навиваше за Македонија во уникатна маица и им испрати порака на сите што Македонците ги нарекуваат поинаку.

„Ова е Македонија. Ние зборуваме македонски. Пиеме ракија и јадеме скара“, стои на неговата навивачка маица.

Ацо Јоновски долги години беше столб на одбраната на нашата репрезентација и беше дел од најголемиот успех – петто место на ЕП 2012.

Работеше во тимот на Ратинген во Германија по завршувањето на кариерата, а беше дел и од стручниот штаб на Кире Лазаров до минатото СП.