📷 Среде натпревар на клупа си разговараше на телефон

На мечот од квалификациите за Светското првенство 2025 меѓу Украина и Естонија, имаше несекојдневен момент.

Камерите го забележаа асистентот на украинскиот селектор Вадим Бражник, како на клупата среде меч зборува на мобилен телефон.

Дали бараше некој совет како Украинците да стигнат до пресврт на овој дуел, или се работеше за нешто друго, не е познато.

Украина загуби со 32-29 на првата бараж од Естонија и на реваншот што ќе се игра на терен во Литванија, ќе мора да надомести незгодна негатива.