📷 Лазаров ги подели последните совети, Македонија ја чека двобој со Швајцарија

Машката репрезентација на Македонија утре ја очекува последниот натпревар на Европското првенство во Германија.

Ривал на избраниците на Кире Лазаров е селекцијата на Швајцарија, која се уште има шанси за место во главната рунда.

Македонските репрезентативци денеска го одработија последниот тренинг пред мечот, имаа и видео анализа, па подготвени го чекаат двобојот со Швајцарците.

Овој дуел не е неважен ниту за Македонија, која со победа ќе го освои третото место во групата и скоро сигурно ќе биде во првиот шешир за баражот за СП 2025 година.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра утревечер во салата „Мерцедес Бенц Арена“ со почеток во 18:00 часот.