🎥Скандал до скандал: Прво ја тепаше сопругата, сега пијан се качи на сцена на турбо-фолк концерт

Поранешниот хрватски репрезентативец и oсвојувач на ммногу медали од сите големи натпреварувања, Денис Бунтиќ, ги окупира насловните страници и во првите денови од новата година со нов скандал.

Бунтиќ, кој сопругата Клара го пријави за семејно насилство во алокохолизирана состојба, снимен е како со чаша алкохол се качува на сцената додека се одржува концерт на српскиот турбо-фолк пејач Дејан Матиќ, пишува „24 Сата“.

Според хрватскиот медиум (видео ТУКА), Бунтиќ неколкупати се обидел да стигне до српскиот пејач, но обезбедувањето го спречувало во обидите. Околу 02:00 часот по полноќ успева во намерата, но само се приближува до тапанарот и едвај стои на сцена. Потоа обезбедувањето го изнесува од сцената. Овој настан се случил на 30 декември, за време на концертот на Дејан Матиќ во рамките на „Купрес Винтер Фест“.

Минатата година Бунтиќ беше во центарот на вниманието кога ја претепа сопругата во заедничкиот дом во кој живееја со деветмесечниот син. Полицијата по пријавата му пронајде голема количина оружје, кое го чувал незаконски дома. Судот во Љубушки, каде што работи неговата мајка, одлучи дека не мора во притвор и доби само забрана за приближување кон сопругата. Ништо не се случи и по објавувањето на аудио снимката на која се слуша како ја тепа сопругата, и понатаму е на слобода, а укината му е и обврската за секојдневно пријавување во полицијата, пишува „24 Сата“.

Бунтиќ е некогашен ракометар на Извиѓач, Медвешчак, Копер, Адемар Леон, Келце и ПИК Сегед, но по завршувањето на кариерата, тој не остана во спортот.