🎥 Традицијата се негува: Ракометарите кршеа лепче за Бадник, паричката кај Костески

Традицијата за Бадник и кршењето на лепче со паричка и оваа година продолжи на подготовките на машката репрезентација.

Капитенот Никола Митревски ги подели лепчињата на ракометарите и стручниот штаб, а паричката се падна кај Никола Костески.

Десното крило имаше одлична сезона со чешкиот Плзен и ја освои титулата, а и оваа сезона му тргна добро и се врати во националниот тим на Македонија.

Ракометарите на 8 јануари заминуваат за Германија, а на 10 јануари ќе го имаат првиот предизвик и дуелот со Франција пред повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Диселдорф.