🎥 Комбе ви застана на патот? Викнете ги Унгарците – веднаш ќе го поместат!

Медиа тимот на Европската ракометна федерација објави интересно видео кое е направено додека се одржуваше Европското првенство кое заврши минатиот викенд.

По крајот на еден од натпреварите што се играа на континенталниот собир, едно погрешно паркирано комбе околу салата го блокираше патот.

Во тоа време на местото се најдоа унгарските репрезентативци и веднаш го решија случајот без проблем.

Банхиди, Бодо, Бартуч, Рошта…за неколку секунди „рачно“ го поместија комбето и го ослободија патот за движење.

Погледнете…