Ќе има мекици во Вардар – Борко Ристовски вторпат стана татко!

Членот на македонскиот шампион Вардар и поранешен репрезентативец, Борко Ристовски, по вторпат стана татко.

Неговата сопруга Нина денеска ја донесе на свет ќерката Анастасија, која се роди на големиот христијански празник „Св. Атанасиј“.

Анастасија е второ дете во семејството на Борко и Нина Ристовски, кои од претходно го имаат синот Душан.

Чуварот на мрежата му се стави на располагање на Вардар, откако дел од есенската полусезона мина во бундеслигашот Лемго.