Ќе гори „Јане Сандански“ – Вардар пушта дополнителни билети во продажба пред Кил!

Како што беше стандардна практика во минатите сезони, пред секој позначаен натпревар на европскиот првак Вардар кога се бараше билет повеќе, раководоството се решаваше за популарен потег.

Така ќе биде сега, па оние кои не успеаја да набават влезница за натпреварот меѓу Вардар и Кил, ќе имаат уште една шанса.

Вардар ќе пушти во продажба дополнителни билети за стоење, а цената ќе биде 150 денари. Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра в сабота на 12 октомври, со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.