Ќе биде жешко во Кавадарци: „Комити“ и „Чкембари“ ќе бидат дел од финалето од Купот! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер и во оваа година ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија откако во полуфиналните средби беа подобри од своите ривали.

Актуелниот бранител, Вардар, но и неговиот главен конкурент, Еурофарм Пелистер, во утрешното финале, кое е закажано за 19:30 часот во спортската сала  „Јасмин“, ќе имаат голема поддршка од трибините.

Навивачките групи на двете екипи, „Комити“ и „Чкембари“ најавија инвазија во Кавадарци по повод утрешното финале и максимално бодрење на своите миленици.

Дефинитивно, покрај добар ракомет во „Јасмин“, ќе бидеме сведоци и на феноменална атмосфера на трибините.