Јужна Америка бара место за Чиле на Мундијалот во Египет

Шансите за Македонија да се најде на Светското првенство во Египет во јануари секој ден се менуваат, а како што притстигаат новите моменти така станува уште похаотично. Дали Македонија ќе може во Египет или не, знаат само во ИХФ, но секој се обидува да дојде до место на шампионатот.

Со оглед на тоа што квалификациите во Јужна Америка нема да се играа бидејќи се откажани сега Јужноамериканците одлучија да побараат место на Олимписките игри за составот на Чиле и да ги имаат предвидените четири места на шампионатот.

Со оглед на тоа што се очекува местото да заврши во Европа, од Јужна Америка сакаат да издејствуваат да останат на четири селекции, а нивниот избор е Чиле репрезентација која играше на последните пет Светски првенства.

Овој факт е наведен во барањето. Се вели дека Чиле е земја која играла на првенствата во 2011, 2013, 2015, 2017 и 2019 година и дека на ПанАмериканските игри во лима минатата година го освоија второто место. Тие го загубија местото на првенството од Уругвај кој заврши трет на последниот шампионат на Јужна Америка и затоа сега ќе се обидат вака да дојдат до место.

Дали ИХФ ќе одлучи на Чиле да му даде место на СП и со тоа Европа да остане без можност за уште една селекција или можеби одлуката ќе биде поинаква ќе се знае за брзо.

Инаку, репрезентацијата која доаѓа од Јужна Америка треба да се најде во групата Г на Мундијалот заедно со Шведска, домаќинот Египет и Чешка.