Јовиќ: Ништо не е решено, но Еурофарм Пелистер 2 заслужува да игра во плеј-офот!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 оствари голема победа на гостувањето во Кавадарци кај составот на Тиквеш со 26-27 и направи голем чекор кон пласман во суперлигашкиот плеј-оф.

Тренерот на битолската екипа Александар Јовиќ смета дека овој триумф е многу важен за неговите играчи и дека ќе им ја зголеми самодовербата пред новите дуели што следуваат.

„Би сакал да им честитам на моите момци за борбената и храбра игра. Ова е мноуг важна победа за нашиот состав, со која остануваме во борба и понатаму за плеј-оф во Суперлигата. Тиквеш е квалитетна екипа, која исто така играше одлично и мислам дека беше убав натпревар за гледање“, вели Јовиќ за 24Ракомет.

Досега имаше неколку прекини во Суперлигата, а веројатно ќе има уште еден во групата Б поради изолациите на Металург и Бутел Скопје.

„Многу тешко е да се тренира во ваква ситуација, тргни – застани, но тоа не треба да ни е алиби за било што. Сепак мислам дека со овој триумф моите играчи ќе ја зголемат самодовербата и ќе дадеме максимум на трите натпревари што не очекуваат од крајот на регуларниот дел. Мислам дека заслужуваме како екипа да играме во плеј-офот, иако има уште доста за играње до крајот“, продолжува Јовиќ.

Битолчани треба да играат против Металург и Бутел на домашен терен, а во последното коло ќе гостуваат кај Прилеп.

„Имаме два меча дома со Металург и Бутел Скопје, како и натпревар со Прилеп на гостински терен. Уште не е ништо решено за плеј-оф, сите екипи во нашата група се во игра за таа трета позиција, ако сметаме дека Металург и Бутел се сигурни. Ние, Прилеп, Тиквеш, Работнички…сите имаме шанси и мислам дека не очекува максимално возбудлив финиш од првенството“, заврши Јовиќ

ДРАМА во Кавадарци: Еурофарм Пелистер 2 чекор поблиску до плеј-оф, му сервираше слатка одмазда на Тиквеш!

Петрески: Иако губевме цел натпревар, на крајот бевме во игра најмалку за реми, но…

Симиќ: Тиквеш никогаш не се откажува, зошто да не ги победиме Бутел или Металург

Талевски: Карактерот дојде до израз во Кавадарци, но допрва треба да докажеме дека вредиме како тим