Несреќен пораз за Чаир во последната секунда – Наиса ги носи бодовите за Ниш

Ракометарките на Чаир загубија вторпат во Регионалната лига, овојпат од српскиот вицепрвак Наиса Ниш со 20-19, со гол примен во последната секунда. Храброт и борбен Чаир заслужи да слави на овој натпревар, но за жал остана со празни раце, па новата шанса ќе ја бара против Јагодина на 19 септември.

Чаир водеше со 19-18, откако Дамчевска реализираше пенал, на две минути до крајот на мечот, но Наиса преку Милошевиќ израмни.

Домаќинките тргнаа во последен напад, што можеше да биде победнички, но беше направена грешка и останаа уште петнаесетина секунди за гостинските ракометарки.

Мандиќ беше преицизна во последната секунда за голема радост на Наиса Ниш и трет триумф во серија по оние над Ѓорче Петров и Старс Лавици.

Претходно во повеќе наврати Чаир водеше со два гола предност, но гостинките секогаш се враќаа во егал, а на пауазата беше 13-13.

Митровиќ беше одлична на голот на Чаир, а меѓу стрелците се истакнаа Махмуд со шест и Ѓорѓиевска со пет гола.

Следен предизвик за Чаир ќе биде домашниот меч од Супер лигата против Атлетик.