Петрески: Иако губевме цел натпревар, на крајот бевме во игра најмалку за реми, но…

Тимот на Тиквеш загуби на домашен терен од Еурофарм Пелистер со 26-27 во драматичен натпревар, но сега борбата за плеј-офот станува уште позамрсена.

Тренерот на кавадарчани, Томе Петрески смета дека психолошкиот момент го одлучи победникот на овој натпревар.

„Игравме одлично во одбрана во текот на целиот натпревар. Во првиот дел игравме под притисок во нападот, бевме несигурни во извршувањето на задачите и имавме многу избрзани шутетви. Иако губевме во текот на целиот меч, сепак бевме во игра најмалку за реми, па и за победа. Црвениот картон на Пеце Ѓорѓиоски беше еден од клучните моменти. И покрај тоа го дадовме максимумот и во финишот експлодиравме. Се играше одличен ракомет на двете страни и психолошкиот момент го одлучи победникот. Вечерва ни недостигаше и поддршката на која сме навикнати од голманите, им честитам на битолчани за победата, но и на моите играчи за борбеноста што ја прикажаа“, вели Петрески за 24Ракомет.

Тиквеш има за играње уште четири средби – дома со Металург и на гости кај Работнички, Прилеп и Бутел Скопје. Петрески вели дека шансите за плеј-оф остануваат и понатаму.

„Секако дека имаме шанси за пласман во плеј-оф. Ќе одиме на победа на секој натпревар, ништо не е изгубено. Овие прекини поради коронавирусот влијаат многу на формата на играчите и имаме недостаток на натпревари. Оваа полусезона направивме три пати подготовки. Верувајте дека не е воопшто едноставно. Се подготвуваш за еден натпревар и во последен момент се одложува, но мора да се остане во тренажен процес и не би сакал понатаму да има големи паузи бидејќи е тешко враќањето во колосек. Сепак убаво е да се доигра ова првенство“, заврши Петрески.

ДРАМА во Кавадарци: Еурофарм Пелистер 2 чекор поблиску до плеј-оф, му сервираше слатка одмазда на Тиквеш!

Јовиќ: Ништо не е решено, но Еурофарм Пелистер 2 заслужува да игра во плеј-офот!

Талевски: Карактерот дојде до израз во Кавадарци, но допрва треба да докажеме дека вредиме како тим

Симиќ: Тиквеш никогаш не се откажува, зошто да не ги победиме Бутел или Металург