Симиќ: Тиквеш никогаш не се откажува, зошто да не ги победиме Бутел или Металург

Тимот на Тиквеш загуби со 26-27 од битолски Еурофарм Пелистер 2 и го направи потежок патот до место во плеј-офот од Суперлигата.

Средниот бек Страхиња Симиќ, кој беше најдобар стрелец во кавадаречкиот тим вели дека само детали го одлучиле победникот на овој натпревар.

„Мислам дека имаше голем влог во овој натпревар. Знаевме дека можеше многу нешта да се решат. Играа две квалитетни екипи, што се виде како во одбраната, така и во нападот. Ние почнавме стегнато и под притисок во првиот дел, во вториот фативме ритам. Можеби ни фалеше среќа и само детали го одлучија победникот. Мислам дека гледачите дома може да видат еден интересен натпревар“, вели Симиќ за 24Ракомет.

Одложувањата и долгите паузи го пореметуваат ритамот на тренинзите и влијаат врз формата на ракометарите, но Симиќ вели дека како е за нив, исто е и за сите други.

„Како е кај сите, така и кај нас. Можеби сме со малку скратена ротација, но колку сме – толку сме, се бориме. Ни останува да тренираме секој ден и да веруваме дека можеме да ги победиме сите ривали. Има уште да се игра, се носевме со сите досега и мислам дека може тоа да го повториме. Само детали ќе ги одлучуваат патниците во плеј-оф. Ритамот ни е пореметен поради одложувањата поради корнавирус. Се подготвуваме за еден меч во сабота, а тој во петок се откажува. Но како е за сите така и за нас“, продолжува Симиќ.

На кавадарачни им остануваа уште четири меча до крајот на регуларниот дел, од кои три се на гостински терен.

„Мораме да веруваме во тоа што го работиме и да не се откажуваме. Мислам дека имаме квалитет за плеј-оф. Ни остануваат домашниот меч со Металург, како и трите на гости со Работнички, Прилеп и Бутел Скопје. Знаеме дека мора да ги победиме Работнички и Прилеп, а доколку успееме да ги изненадиме Бутел или Металург, што мислам дека не е невозможно, би било одлично. Работнички покажа дека може дека тоа е можно кога славеше над Бутел, па зошто да не можеме и ние“, заврши Симиќ.

ДРАМА во Кавадарци: Еурофарм Пелистер 2 чекор поблиску до плеј-оф, му сервираше слатка одмазда на Тиквеш!

Петрески: Иако губевме цел натпревар, на крајот бевме во игра најмалку за реми, но…

Јовиќ: Ништо не е решено, но Еурофарм Пелистер 2 заслужува да игра во плеј-офот!

Талевски: Карактерот дојде до израз во Кавадарци, но допрва треба да докажеме дека вредиме како тим