Јовиќ: Ги сакам Еурофарм Пелистер и Битола – само сплотени со навивачите можеме да освојуваме титули!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се блиску да ја минат четвртфиналната фаза во дивизијата „Југ“ од регионалната СЕХА лига, откако славеа во првиот меч против словачкиот Татран Прешов со 37-29.

Тренерот Александар Јовиќ беше задоволен од прикажаното од неговите избраници и побара поддршка од навивачите во клучните два месеци.

„Игравме одлична одбрана, бевме агресивни, покажавме тимски дух и заслужено победивме убедливо на крајот. Голема благодарност до играчите за ангажманот и благодарност до публиката. Многу ја сакам Битола, го сакам и клубот и ни требаат сплотени навивачи во овие два месеци од сезоната, бидејќи само така ќе ги оствариме целите и ќе освојуваме титули. Ветувам дека секој следен пат ќе се бориме уште повеќе“, изјави Јовиќ.

Реваншот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер ќе се игра во понеделник со почеток во 16:00 часот.