Ја прекинува ракометната кариера за да и се посвети на медицината

Пред неполн месец Бенфика објави дека Рикардо Пескеира не е повеќе дел од нивниот тим. Играчот на социјалните медимуми најави дека ќе направи пауза од играњето ракомет кое може да значи и крај на кариерата за да се посвети на медицината.

Во интервјуто за весникот „А Бола“, 28-годишниот играч откри и дека имал неколку понуди од Агуас Сантас, Гаиа и Понто Комбо, а исто така и понуди од шпански и руски клубови.

„На крајот на ноември имам испит за специјализација во медицината и затоа решив да ја прекинам ракометната кариера како би можел да тоа да го направам што подобро. Знам дека веројатноста за конечен крај на кариерата после овој прекин е огромна, но сега ќе се посветам на работата која ме натера да ја донесам оваа одлука без да правам големи планови за иднината“, рече Пескеира.

Португалскиот интернационалец кариерата ја започна во Агуас Сантас, потоа беше член за Порто, АБЦ Брага и Бенфика каде што настапуваше во последните три години. Во првенството на Португалија има повеќе од 100 настапи и три шампионски титиули.

O andebol entrou cedo na minha vida. Comecei a jogar com 8 anos na Associação Atlética de Águas Santas e nessa altura…

Публикувахте от Ricardo Pesqueira в Сряда, 27 май 2020 г.