Ја доби најважната животна битка, сега планира враќање на терените

Кадетен Шафхаузен во продолжението од сезоната настапува без својот капитен, Димитриј Кутел.

Искусниот ракометар на швајцарскиот шампион поради рак на лимфните жлезди мораше да најави пауза од ракометот. Откако заврши терапијата, Кутел сака повторно да го облече дресот на својот клуб, најверојатно тоа ќе биде во новата сезона, но се зависи од неговата моментална состојба.

Кутел во разговор за клупскиот сајт на неговиот клуб го опиша процесот на лекување и неговата борба за живот, големата поддршка од неговите соиграчи во текот на терапијата и откри дали планира да се врати во ракометот.

„На 11 јануари го имав мојот прв третман во болницата во Шафхаузен. Ова беше почеток на првиот циклус на лекување од вкупно четири. Еден циклус на лекување траеше околу три недели и беше поделен на две недели инфузија и орални лекови и една недела период на опоравување. За среќа, секогаш бев во можност да одам дома по инфузиите и никогаш не морав да останувам во текот на ноќта во болница”, изјави Кутел.

Шокантната вест, Димитриј Кутел ја доби на последниот ден од 2020 година.

„Разбирливо, дијагнозата беше шок за сите, посебно за мене. Сепак, во безбројните пораки што ги добив, ја почувствував неверојатната поддршка на која можев и сѐ уште можам да сметам на неа. Јас бев среќен за секоја порака или гест и сум благодарен за тоа. Голем број на постапки на моите пријатели, соиграчи и семејството ми дадоа многу сила и ми ја олеснаа работата. Но, најголемата поддршка беше мојата девојка, која беше покрај мене секој ден”, додаде Кутел.

По завршувањето на терапијата тој се чувствува добро, физички е активен неколку пати во неделата и неговата цел е целосно враќање на терените.

„Мојата цел е повторно да можам да го носам дресот на Кадетен. Сепак, не можам и нема да дадам изјава во врска со моето враќање и кога тоа ќе се случи. Се обидувам да станам физички подготвен и ќе видам како моето тело ќе реагира”, заврши Кутел.

Човечка судбина, Кадетен во шок – капитенот се бори со рак!