Човечка судбина, Кадетен во шок – капитенот се бори со рак!

Швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен во продолжение од сезоната ќе биде без услугите на капитенот Димитриј Кутел.

Десниот бек токму пред новогодишните празници дозна лоши вести по испитувањата на кои бил подложен.

Тој има рак на лимфните жлезди, па ќе мора веднаш да започне хемотерапија и сите потребни чекори за да ја победи болеста.

Кадетен е во група со Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, а Кутел нема да биде дел од швајцарскиот првак на гостувањето на битолчани во Шафхаузен.