Јауковиќ за 24Ракомет ТВ: Многу сум горда, ова е голем успех за Црна Гора (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора ја доби денешната драма против Романија во СЦ ,,Борис Трајковски” триумфирајќи со 35:34 и ѐ на чекор да обезбеди пласман во полуфиналето на континенталниот собир. По вечерашниот натпревар меѓу Франција и Германија, избраничките на Бојана Поповиќ ќе знаат дали се сигурен патник во полуфиналето. Една од предводничките во црногорската репрезентација, левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ ги сподели своите впечатоци од дуелот против Романија. Целосната изјава на Јауковиќ може да ја погледнете на видеото во продолжение...