Јанкуловски и Костоски комбинираа 13 гола, Струга не виде мака со Македонија ЃП

Тимот на Струга обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија, откако славеше над прволигашот Македонија Ѓорче Петров со убедливи 41-32.

Беше 4-4 на стартот, но потоа стружани се одлепија на плус три, 7-4 и полека ја градеа предноста. На пауза беше 20-14 за домашните ракометари.

Во вториот дел стружани комплетни ги надиграа гостите и на крајот прославија триумф со девет гола разлика, иако водеа и со 13.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа крилата Тодор Јанкуловски и Ненад Костоски со седум, односно шест гола, додека кај Македонија ЃП се истакнаа Филип Ролевски со девет и Мартин Димовски со осум погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
Алкалоид – Астраион 47-15
Јуниор КВ – Драчево 28-23
Прилеп – Металург РА 36-22
Голден Арт – Овче Поле 47:13
Еурофарм Пелистер – Текстилец 45-19
Радовиш – Преспа 34-21
Младост Богданци – Охрид 20-41
Струга – Македонија ЃП 41-32
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2