Германскиот Рајн Некар Левен имаше разочарувачки почеток на сезоната, далеку од очекувањата на клупската управа и навивачите, кои се надеваа дека тимот ќе се врати на патеките на успехот од претходните години.
„Лавовите“ освоија само седум бода на првите осум натпревари и моментално се наоѓаат на 11. место на табелата. Последниот пораз на домашен терен од Ајзенах дополнително го засили притисокот врз екипата, по што раководството одлучи да направи промена на тренерската позиција.
Маик Махула повеќе не е тренер на Рајн Некар Левен, а клубот одлуката ја образложи со незадоволителните резултати на стартот од сезоната.
На негово место доаѓа Михаел Абт, поранешен ракометар на клубот, кој беше дел од тимот во најуспешните денови на Рајн Некар Левен. Тој ќе ја преземе екипата во продолжението од сезоната, со задача да ги подобри резултатите и да го врати тимот на посакуваното ниво.
Ова за Махула е трет отказ во три сезони. Тој беше разрешен од тренерската клупа во Фленсбург, Алборг, а еве сега и од Рајн Некар Левен.
























