Чиста „десетка“ за Пена Граматова

Тимот на Војводина, каде што игра македонската интернационалка Пена Граматова, запиша победа во српскиот шампионат.

Составот од Нови Сад, предводен од Граматова, славеше против Напредак Крушевац со убедливи 11 голови разлика, 40-29.

Македонската интернационалка беше најдобар стрелец во победничкиот тим и дури десет пати ја погоди противничката мрежа.

Војводина и Граматова во следното коло ќе бидат на тежок испит во следното коло бидејќи ќе игра со Црвена Звезда на Елена Ѓорѓиевска и Јована Мицевска Митев.