Јанеска и Гакидова со Коњалти остануваат лидери во Турција

Екипата на Коњалти во која настапуваат двете интернационалки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, како и екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева, во натпревар од 6. коло од шампионатот на Турција беше поразена во дерби натпреварот од Јаликавак со еден гол разлика, 31:30.

Поразот од Јаликавак беше прв за ракометарките на Коњалти во новата сезона. И покрај поразот, Коњалти моментално се наоѓа на првото место на табелата со десет освоени бодови.

Во натпреварот против Јаликавак, Јанеска беше стандардно меѓу најефикасните на натпреварот и во листата на стрелци се запиша шест пати. Екс вардарката, Алена Ихнева беше најефикасна во својата екипа со десет гола, додека Гакидова постигна еден гол.

Во следното коло, односно на 7 ноември, Коњалти на гостински терен ќе се соочи со еден од фаворитите за освојување на титулата, Кастамону.