Јанеска и Гакидова во одлично издание, Коњалти влегува во борба за 3 место

Екипата на Коњалти, во која настапува репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска и екс ракометарката на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, во натпревар од 20.коло од шампионатот на Турција славеше убедлива победа против Текирдаг, со резултат 35:29.

Јанеска беше најефикасна на натпреварот, постигна седум погодоци, додека втората ракометарка од Македонија, кружниот напаѓач, Ивана Гакидова, четирипати се запиша во листата на стрелци.

Коњалти со новите освоени бодови се зацврсти на 4. позиција на табелата. Екипата на Јанеска и Гакидова на свое конто има 30 бода и има голема шанса да заврши на 3 место доколку во последните две кола оствари победа.

Со освоеното второ место во Купот на Турција, Коњалти избори учество на европска сцена за следната сезона. Клубот ќе учествува ЕХФ Европскиот Куп.