Јанеска го водеше Коњалти до нов триумф

Екипата на Коњалти го доби дерби натпреварот против Анадолу со 32:29 во рамките од 21. коло од шампионатот на Турција.

Коњалти, предводен од македонската репрезентативка Моника Јанеска, на полувреме имаше предност од плус четири гола разлика, 17:13.

Јанеска одигра квалитетен натпревар за Коњалти и повторно заврши како најефикасна во својата екипа. Гостиварчанката на натпреварот против Анадолу постигна осум гола.

Коњалти моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата со 22 освоени бодови. Во последното коло противник на Коњалти е Јенимале, а со триумф екипата на Јанеска може да се надева на шесто место на табелата.