Јанеска во елемент, го сруши лидерот Јаликавак

Екипата на Коњалти во шампионатот на Турција забележа победа против лидерот, Јаликавак со 28:25 во рамките од 20. коло.

Забележителна партија во дресот на Коњалти имаше репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска.

Македонката го водеше својот тим до победа, а натпреварот го заврши како најефикасна во дресот на Коњалти со девет постигнати гола. Покрај играта во нападот, Јанеска добро се снајде и во одбраната.

Со победата над Јаликавак, Коњалти има големи шанси за 5. позиција на табелата, а моментално со десет победи и десет порази се наоѓа на осмото место.