Јагањац го торпедира Екс, Спортинг ја доби драмата со Кадетен

Во Лига на Европа од групата Д во која се наоѓа и македонскиот претставник, Еурофарм Пелистер, беше одигран и натпреварот меѓу екипите на Спортинг Лисабон и Кадетен Шафхаузен, а бодовите од овој дуел им припаднаа на домаќините кои триумфираа со 29:28.

Гостинскиот тим од Швајцарија имаше негатива во првата половина од првиот дел, најчесто губеше со три гола разлика. Во последните петнаесетина минути од првиот дел, ракометарите на Кадетен влегоа со серија на голови која им донесе водство на полувреме од 12:9.

Во второто полувреме, Спортинг заостануваше на три до четири гола негатива и никако не можеше да фати приклучок. Сепак, во последните десет минути, домаќините со црвста одбрана најавија егал завршница. Почнаа полека да ја топат предноста на противниците и во 55. минута израмнија на 24:24.

Се играше гол за гол до самиот крај, а во последната минута, Мамаду постигна гол за 28:28. Иако се очекуваше дека нема да има промена на резултатот и дека двете екипи ќе си заминат со еден освоен бод, сепак, Мамаду во последната секунда стана вистински херој, беше успешен за победа за Спортинг Лисабон од 29:28.

Најефикасен на натпреварот беше ракометарот од Кадетен Шафхаузен,  Самуел Зендер, кој беше стрелец на девет гола. Во Спортинг Лисабон, прв стрелец беше херојот на натпреварот, Гасама Мамаду со осум гола.

Во останатите натпревари од првото коло во Лига на Европа, победа остварија екипите на Ним, Татран Прешов, Бенфика и Нексе. Хрватскиот вицепрвак славеше минимално кај францускиот Екс со 29:30, а херој на гостите беше Халил Јагањац, кој постигна осум гола, меѓу кои и последниот за триумф.

Лига на Европа, резултати, 1 коло:

ГРУПА А
 
ФУКСЕ БЕРЛИН – ТУЛУЗ 32:30 (15:12)
ВИНТЕРТУР – ВИСЛА ПЛОЦК  23:25 (11:18)
ТАТРАН ПРЕШОВ – БИДАСОА 27:25 (12:12)
 
ГРУПА Б
 
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ГОГ 32:39 (15:22)
КОКС – НАНТ 28:40 (14:18)
ЛЕМГО – БЕНФИКА 29:30 (16:14)
 
ГРУПА Ц
 
ГОРЕЊЕ ВЕЛЕЊЕ – МАГДЕБУРГ 27:31 (14:13)
САВЕХОФ – ЛА РИОХА 43:31 (23:16)
ЕКС АН ПРОВАНС – НЕКСЕ 29:30 (14:17)
 
ГРУПА Д
 
АЕК АТИНА – ТАТАБАЊА 34:26 (16:12)
СПОРТИНГ – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 29:28 (9:12)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НИМ 21:26 (6:15)