Ѓорѓески брани одлично – се најде во тимот на колото во Унгарија! (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Даниел Ѓорѓески, се најде во тимот на колото во унгарскиот шампионат.

Неговиот тим Будакалаш славеше на гостувањето кај Ѓенѓеш со 29-27 во последното, 26 коло.

Ѓорѓески беше еден од клучните ракометари во триумфот и успеа да одбрани 12 шута од 31 удар кон неговиот гол.

Будакалаш ја заврши сезоната на 10 место во Унгарија, а овој меч беше последен за Ѓорѓески во Унгарија, бидејќи од лето се враќа во Македонија и ќе го брани голот на Охрид.